Пинк го прекина концертот, кога жена од публиката почна да се породува (ВИДЕО)

11.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пинк го прекина концертот, кога жена од публиката почна да се породува (ВИДЕО)

Додека ја изведуваше песната Our Song, пејачката забележала дека медицинските лица однеле обожавателка од публиката, а потоа му рекла на бендот да престане да свири.

„Чекај, некој има бебе? извикала откако дознала дека една жена од публиката се породува. Потоа се пошегува и праша: „Дали тоа ќе биде Алесија или Алекс?“ алудирајќи на нејзиното вистинско име, а тоа е Алесија Бет Мур.

"Ова е многу возбудливо. Не знам ни што да кажам. Сепак, мора да продолжиме да пееме. Среќно со породувањето, ќе биде одлично", извикала пејачката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата