Ова е веќе нејзина 16-та насловна страница за ова списание, на кое таа се враќа по две години од нејзиното последно појавување.

Фотографиите се дело на дуото „Шон + Сенг“ (Sean + Seng).

На црно-белата насловна страница, шпанската актерка и добитничка на „Оскар“, која е и амбасадорка на „Шанел“ (Chanel), носи фустан украсен со мониста, светки и кристали, од колекцијата на „Шанел“ за есен 2026 година, креирана од Матје Блази.
Бујната фризура и нагласениот хајлајнер дополнително го истакнуваат гламурот на стариот Холивуд.

Едни се воодушевени, други ја критикуваат прекумерната обработка на фотографијата.
Насловната страница предизвика бројни реакции на официјалниот профил на „Вог“ (Vogue) Шпанија на Инстаграм.
Додека дел од следбениците беа воодушевени од фотографијата, други упатија критики за начинот на кој е прикажана Пенелопе Круз, сметајќи дека фотографијата е претерано обработена.

„Неверојатна“, „Ова е прекрасно“ ..се само дел од позитивните коментари.
Сепак, други беа значително покритични. „Вие сте списание со големо општествено влијание и не си правите услуга со тоа што прикажувате 52-годишна жена како да има 25 години. Поради тоа, многу жени мислат дека мора да изгледаат толку совршено“, напиша еден следбеник.

„Пенелопе е прекрасна на 52 години. Зошто толку многу обработка за да изгледа помладо?“ – праша еден од корисниците. „Таа е убава. Но, претераа со обработката на фотографијата. Изгледа како да има 20 или 30 години“ – додаде друг. Еден следбеник отиде и чекор понатаму: „Пенелопе е единствена... Па, зошто тогаш ставивте нејзина верзија ’исечена на половина‘ на насловната? Половина од нејзините години, со половина од нејзиното тело и половина од нејзиниот живот... Оваа насловна е, најблаго кажано, патетична. Доста е веќе, Vogue Spain, навистина доста е.“

