Судските документи, поднесени во вторник и објавени од Page Six, потврдуваат дека поранешните сопружници се согласиле да се откажат од сите права на издршка за деца и брачна издршка.

Според нивниот договор, Никол Кидман ќе се грижи за своите ќерки - Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (15) - 306 дена во годината. На Урбан, пак, му биле доделени децата во 59 дена, или „секој втор викенд“.
Никол Кидман и Кит Урбан, исто така, се согласија дека ниедна од страните нема да плаќа издршка за деца, бидејќи обете страни пријавиле месечни приходи „над 100.000 долари“.
Актерката и пејачката се согласија дека сите средства - вклучувајќи инвестиции, банки, мебел, апарати за домаќинство, возила и лични работи - ќе бидат поделени како што ќе се договорат. Секој ќе го задржи она што веќе го има во своја сопственост.

Според поднесеното барање, сите барања за алиментација и брачна издршка се повлечени. Секој родител е одговорен и за своите судски трошоци и расходи.
Сè уште не е јасно дали имале предбрачен договор.
Судењето беше закажано за вторник, но Никол се откажа од правото да се појави на суд и беше видена како се враќа од Австралија во понеделник. Таа ги помина празниците во Австралија со нивните ќерки, по разделбата од Урбан.
Кидман и Урбан се разделија по 19 години брак во септември 2025 година.
„Понекогаш врските едноставно завршуваат“, изјавил извор за Page Six за нивното раскинување, додавајќи дека Кидман „не сакала разделба и се обидувала да го спаси бракот“.
Никол Кидман поднела барање за развод, наведувајќи „непомирливи разлики“.
Парот наводно живее одвоено од почетокот на летото 2025 година. Тие наводно се согласиле на план за родителство кој „вклучува воздржување од негативно зборување еден за друг и за нивните семејства“.
Кидман претходно беше во брак со Том Круз од 1990 до 2001 година.

