Мегапопуларниот актер Ченинг Тејтум беше подложен на операција на рамото откако се повреди за време на снимањето.
Тој објави рендгенски снимки „пред“ и „после“ на Инстаграм, откривајќи дека за стабилизирање на коските е употребен шраф. Гледаме и фотографии од болницата.
На црно-белата слика, Тејтум лежи во болнички кревет.
- Уште еден ден. Уште еден предизвик. Овој ќе биде тежок. Но, нема врска. Ајде да одиме - напиша Тејтум.
Тејтум не откри како се случила повредата, но тој е познат по изведување на многу каскадерски движења во филмови.

