Имено, судијата објасни за време на сослушувањето одржано по завршувањето на фазата на собирање докази дека има закажано две кривични судења наредниов период и истакна дека „колку и да е важен овој случај, кривичните случаи имаат приоритет“.
Лајвли поднесе тужба против Балдони во декември лани, тврдејќи дека тој сексуално ја вознемирувал додека го снимале филмот „Завршува со нас“. оптужениот глумец и режисер ги отфрли обвинувањата.
Во јануари, Балдони (41) поднесе противтужба за отштета од 400 милиони долари против Лајвли, нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс и нивниот публицист, обвинувајќи ги за клевета и изнуда. Балдони во тужбите тврдеше дека Рејнолдс и Слоун дале дополнителни изјави што го поврзуваат со сексуално вознемирување и дека „Њујорк тајмс“ објавиле обвинувања за наводна кампања за клевета против „Вејфарер студиос“.
Во јуни, Судот ја отфрли противтужбата за клевета, како и неговата тужба од 250 милиони долари против „Њујорк тајмс“.
Судијата сметаше дека Балдони и неговата продуцентска куќа „Вејфарер студиос“ не доставиле доволно докази дека Лајвли е одговорна за какви било изјави вон оние содржани во нејзиниот исказ до Калифорнискиот оддел за граѓански права, а коишто според надлежните, имаат законска привилегија. Балдони и неговите сообвиненија имаа можност да ја дополнат својата тужба, но, според пресудата донесена минатиот месец, тие одлучија да не го сторат тоа, по што судијата донесе конечна одлука и го затвори тој дел од случајот.

