Објавено видео од апсењето на Џастин Тимберлејк поради возење во пијана состојба

22.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавено видео од апсењето на Џастин Тимберлејк поради возење во пијана состојба

Снимка од апсењето на американскиот пејач и актер Џастин Тимберлејк, кој беше запрен од полицијата во Саг Харбор, Хемптонс, во јуни 2024 година под сомнение дека возел под дејство на алкохол откако, според полицијата, го прекршил знакот „стоп“ и скршнал од својата лента, беше објавена денес.

Видеото, според „Скај њуз“, го прикажува американскиот поп-пејач како се бори да ги заврши тестовите за трезвеност наредени од полицајците, вклучувајќи одење во права линија и стоење на една нога.

„Ова се навистина тешки тестови“, рече Тимберлејк за време на тестот.

Полицијата претходно соопшти дека пејачот бил запрен откако поминал на знак „стоп“ во центарот на градот, скршнал од својата лента и излегол од своето БМВ, каде што наводно мирисал на алкохол.

Тимберлејк им рекол на полицајците дека испил мартини и дека ги следел пријателите до нивните домови во градот, кој се наоѓа на околу 160 километри источно од Њујорк, пренесуват медиумите.

Адвокатите на Тимберлејк претходно се обидоа да го блокираат објавувањето на снимката на суд, тврдејќи дека тоа „страшно би ја нарушило“ неговата приватност со откривање на „интимни, лични и чувствителни детали“ и би предизвикало „сериозна и непоправлива штета“ на неговиот углед преку „јавно исмејување и вознемирување“.

Сепак, во петокот, тие признаа дека снимката „не претставува неоправдано нарушување на приватноста“ според Законот за слобода на информации и се согласија дека може да биде објавена.

Тимберлејк се изјасни за виновен во септември 2024 година за прекршочна обвинение за возење под дејство на алкохол.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата