Поранешниот телохранител на Мохамед Ал-Фајед откри шокантни детали за поранешниот сопственик на Хародс. Според него, Ал-Фајед со децении ги шпионирал купувачите кои ги користеле соблекувалните во престижната стоковна куќа.
Мохамед беше познат и пред неговиот син Доди Ал Фајед да започне врска со принцезата Дајана, а откако светот дозна за таа врска – познатиот бизнисмен стана уште попознат.
Маж познат само како „Биги“ своите наводи ги изнел во книгата на авторката Алисон Кервин. Тој тврди дека постои „голема веројатност“ дека купувачите кои користеле кабини во Хародс биле „набљудувани“ од страна на серискиот силувач.
Во книгата, која ќе биде објавена во четврток, „Биги“ изјавува дека продавницата била преполна со камери кои, покрај самите продажни простории, снимале и во внатрешноста на женските тоалети и соблекувални.
„Луѓето не зборуваат за ова – камерите беа поставени до влезот и делумно внатре во соблекувалните што ги користеа купувачите во Хародс. Тоа значи дека, ако сте биле во кабина за време на ерата на Ал-Фајед, постоеше голема веројатност тој да ве набљудувал“, открива тој.
Инсталирањето на камерите и прислушувањето на мобилни телефони наводно било наредено од шефот на обезбедувањето, поранешниот детектив Џон Макнамара, за да му овозможи на Ал-Фајед да следи и избира потенцијални жртви.
Како ги избирал жртвите во Хародс
Pervert Mohammed Al Fayed 'spent DECADES spying on women shoppers undressing in Harrods changing rooms': New book warns customers - 'if you stripped off, there's a good chance he was watching' pic.twitter.com/F0IjflTHYv
— News News News (@NewsNew97351204) June 4, 2025
„Момците гледаа во екраните како да им зависи животот од тоа. Но, сфаќаа и дека многу од прашањата на Макнамара се однесуваа на жени што му се допаѓаа на Фајед, па имаше многу потсмев додека ги следеа женските кабини и тоалети“, вели сведокот.
Хародс, кој беше во сопственост на Ал-Фајед 25 години, издаде соопштение:
„Во нашите записи нема ништо што би укажувало дека имало камери во делови од продавницата каде што личната приватност на персоналот или купувачите би можела да биде нарушена.“
Авторката интервјуирала 60 сведоци, жртви и поранешни вработени, и тврди дека околу 40 екрани пренесувале слика од секој сантиметар на продавницата. Според неа, камерите биле насекаде и работата во Хародс личела на живот во „Трумановото шоу“.
Друг вработен, наречен „Инженерот“, вели дека снимателни уреди биле поставени насекаде и сè што се пренесувало било снимано и зачувувано.
„Морав да се уверам дека функционираат и снимаат јасно… Беше важно да го снимиме сè правилно и да го сочуваме“, вели тој.
Тој додава дека Ал-Фајед понекогаш барал да види одредени снимки или да слуша што кажал некој на состанок. Прислушувал сè – од финансиски директори и членови на одборот, до возачи и обезбедување.
⚠️ WARNING: This post contains graphic descriptions of child abuse & sexual violence.
— True Crime Updates (@TrueCrimeUpdat) June 1, 2025
A new book alleges that Mohamed al Fayed, who died in 2023 aged 94, bought Princess Diana's old school, West Heath School in Sevenoaks, Kent, to groom & rape underage girls. The book, "The… pic.twitter.com/vOQmKHu6EE
Мохамед Ал-Фајед, кој почина во 2023 година, е обвинет за сексуални злосторства од повеќе од 500 жртви.
Адвокатката Ема Џонс изјави дека најновите откритија ја нагласуваат потребата од јавна истрага за тоа како му било дозволено да врши злосторства со децении.
„Фактот дека можеби постоело тајно следење или било какво снимање во простории како тоалети и кабини е неверојатен и навистина шокантен. Ако тоа е точно, тоа би имало сериозни и далекусежни последици во однос на прекршувањето на човековите права на приватност“, изјави таа,а пренесува Б92.