Двете заедно прошетаа на црвениот тепих пред забавата и позираа пред фотографите во едноставни, но елегантни модни комбинации. За настанот, Никол избра бел горен дел со кратки ракави и скратено здолниште. Од друга страна, Сандеј Роуз комбинираше сив елек и панталони во иста боја.
Инаку, Сандеј Роуз и Фејт Маргарет (13) се ќерките што Никол ги има со сопругот, 56-годишниот кантри пејач Кит Урбан. Двајцата се венчаа во 2006 година на романтична церемонија во родната Австралија, но, според странските медиуми, работите тргнале наопаку кога Кит веќе во октомври истата година завршил на рехабилитација. И покрај сите тешкотии, тие успеаја да го одржат својот брак стабилен, а Никол не крие колку ѝ значеле љубовта и поддршката на нејзиниот сопруг во некои тешки моменти.
Таа има и две деца, Изабела (31) и Конор (29) со поранешниот сопруг Том Круз. Медиумите пишуваат дека таа не е претерано блиска со нив бидејќи Бела и Конор решиле да тргнат по стапките на нивниот татко и да практикуваат скиентологија, која во исто време ги оддалечила од нивната мајка.