Наоми Кембел ЖРТВА НА РАСИЗАМ ВО БУГАРИЈА на аеродром

12.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Наоми Кембел ЖРТВА НА РАСИЗАМ ВО БУГАРИЈА на аеродром

Една од најпознатите светски манекенки, Наоми Кембел, доживеала непријатно искуство на аеродромот во Софија, Бугарија. Кембел тврди дека била жртва на расизам откако од неа било побарано да се тргне на страна за да ја прегледаат одделно.

Странските медиуми цитираат извор кој вели дека Наоми била многу вознемирена кога се случил немилиот инцидент.

Манекенката подоцна била видена како го напушта аеродромот пред да ја однесат со автомобил во луксузен хотел во Софија.

„Беше многу вознемирена. Целиот инцидент многу ја вознемири. Се радуваше на возбудливо снимање во Софија, но немилиот настан ја засени таа работа”, рекол еден од нејзините пријатели.

Расното профилирање се однесува на сомнеж, таргетирање или дискриминација на лице врз основа на неговата/нејзината етничка припадност, религија или национално потекло, а во последниве години се користи во случаи на стереотипни претпоставки за бојата на кожата на лицето.

Наоми Кембел веќе имала непријатно искуство на аеродромот Хитроу кога била спроведена од аеродромот со лисици по жестоката расправија со полицијата. Тогаш кружеше верзија на приказната за тоа како познатата манекенка се налутила кога член на кабинскиот екипаж и рекол дека нејзината чанта не е спакувана во авионот бидејќи е претешка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата