Награди по избор на критичарите 2026: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм

5.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Награди по избор на критичарите 2026: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм

 Остварувањето ја освои Наградата за најдобар филм, а Пол Томас Андерсон е награден како најдобар режисер. Сепак, најмногу признанија - вкупно по четири им припаднаа на филмовите „Грешници“ (The Sinners) и „Франкенштајн“.

„Грешници“ триумфираше во новата категорија за најдобар кастинг и филмска екипа, а ги зеде и наградите за најдобар млад актер, оригинално сценарио и музика. А пак, „Франкенштајн“ ги освои одличјата за најдобра споредна машка улога (Џејкоб Елорди), најдобар продукциски дизајн, најдобар костим и најдобра фризура и шминка.

Во главните категории за глума, победија Тимоти Шаламе за неговата улога во филмот „Марти Величествениот“, и Џеси Бакли за „Хамнет“. Најдобра женска споредна улога одглуми Ејми Мадиган во „Исчезнатите“ (Weapons).

Песната „Golden“ од филмот на Нетфликс „Кеј-поп ловци на демони“ (KPop Demon Hunters) е прогласена за најдобра песна, а филмот ја освои и Наградата за најдобар анимиран филм. Во телевизиските категории доминираше  „Адолесценција“ (Adolescence) - за најдобра мини-серија со три награди за глума, потоа - ТВ-серијата „Интензивна нега: Питсбург“ (The Pitt) за најдобра драмска серија и „Студио“ (The Studio) за најдобра комедија. Наградата за најдобро ток-шоу ѝ припадна на „Емисијата на Џими Кимел“.

Доделувањето, што се одржа во салата „Баркер“ во Санта Моника, Калигфорнија, САД, го водеше Челси Хендлер, и тоа четврта година по ред. Оваа година беа воведени четири нови категории - најдобар кастинг и филмска екипа, најдобра забавна програма, дизајн на каскадерски сцени и звук. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата