Здружението на граѓани Еко Стража од Србија ова барање го испратило до компанијата Мета поради „говор на омраза, расизам, ксенофобија и штетно однесување“, јавуваат српските медиуми. Досега се собрани 297 илјади потписи, а нивната цел е 350 илјади.
„Од Мета бараме суспензија на профилот на Јелена Карлеуша на Инстаграм поради говор на омраза, расизам, ксенофобија, таргетирање поединци и генерално штетно однесување. Ова се повеќекратни прекршувања на упатствата на заедницата на Инстаграм, особено во однос на говорот на омраза, вознемирување и дезинформации.“ објави Еко Стража.
Тие исто така додадоа дека пејачката ги користи своите профили на социјалните мрежи за политички пропагандни цели. Според нив, од почетокот на студентските протести во Србија, Карлеуша речиси секој ден споделува десетици објави за поддршка на претседателот Вучиќ и отворено ги навредува сите кои не се согласуваат со нејзиното мислење.
„Профилот на Карлеуша на Инстаграм постојано се користи како платформа за таргетирање поединци, ширење реторика на омраза и промовирање пропаганда во корист на српскиот автократ Александар Вучиќ. Нејзините објави вклучуваат ксенофобични и расистички коментари, како и координирано вознемирување на поединци и групи. Овие акции не само што ги кршат политиките на Инстаграм туку и придонесуваат за непријателско окружување на интернет што поттикнува понатамошна поделба и нетолеранција“, изјавија понатаму.
„Според сопствените упатства на Инстаграм, говорот на омраза и вознемирувањето се строго забранети. Сепак, и покрај бројните извештаи од корисници, нејзиниот профил останува активен и продолжува да служи како мегафон за екстремизам и политичка манипулација, дозволувајќи им на таквата содржина да опстојува, ја поткопува посветеноста на Инстаграм за безбеден и инклузивен дигитален простор“, додаваат од неформалната група Еко Стража.