Актерот го открил своето вистинско име уште во 2005 година, додека гостуваше во „The Ellen Show“, една година пред филмот „The Fast and the Furious: Tokyo Drift“ да се појави во кината. Елен веднаш ја започнала темата, коментирајќи како Вин Дизел едноставно не може да биде неговото вистинско име.
„Знаеш што? Не е“, рече Дизел низ смеа. Тогаш открил дека неговото вистинско име нема никаква врска со името по кое денес го познава целиот свет. „Моето вистинско име е Марк Винсент“, рече тој, објаснувајќи дека го смислил прекарот „Вин Дизел“ додека работел како обезбедувач. Тој и неговите колеги тогаш користеле „лажни имиња“ во случај некогаш да западнат во неволја.
„Само што почнаа да ме викаат Вин Дизел, поради некоја луда причина“, се присетил тогаш низ смеа. Елен веднаш направила врска дека „Вин“ потекнува од неговото вистинско презиме Винсент, но не ѝ беше јасно од каде потекнува „Дизел“.
„Во Њујорк, кога имаш малку прекумерна тежина, велат „тој е Дизел“, ѝ објаснил актерот.
Иако оваа приказна ја раскажал пред речиси 20 години, некои од неговите обожаватели дури сега го откриваат вистинското значење на неговото име. На Reddit, еден корисник напиша: „Смешно е, дури и со име како Вин Дизел никогаш не ни помислив дека тоа можеби не е неговото вистинско име“, а многумина се согласија со него.