Милијардерот Илон Маск ги коментираше градите на Сидни Свини, следбениците го „осудија“

20.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милијардерот Илон Маск ги коментираше градите на Сидни Свини, следбениците го „осудија“

Најчесто добива комплименти, а Сидни веќе неколку пати зборуваше за тоа како се „снаоѓала“ во општеството поради нејзините големи гради, кои, како што вели, се нејзини најдобри пријателки.

Со коментар на социјалните мрежи за бујните гради на Синди се јави и најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск.

Но, се чини дека малку претерал со своите валкани шеги.

Додека одговараше на објава за оружје од видео игра, Маск повторно мораше да ги „допре“ градите на Сидни.

„Изгледа дека ова ќе биде натпревар за најмногу „двојно понапредна опрема“. Науката вели не гледај во затемнувањето“, напиша Маск покрај фотографија од актерката, која се фокусира на нејзиното деколте, а преку неа пишуваше зборот „затемнување“.

За оваа „шега“, тој искористи фотографија од Сидни Свини од доделувањето на наградите GLAAD Media, каде што актерката блескаше во сив фустан украсен со циркони.

По тој несоодветен коментар, следеа и други поврзани со Маск, а луѓето главно го осудија.

„Таа е 30 години помлада од тебе, чудно“, „Треба да те избркаат од оваа платформа, тоа што го правиш е лудост“, беа некои од коментарите, пренесува Superwoman.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата