Мет Дејмон објасни зошто ја одбил улогата во „Аватар“, ќе добиел 250 милиони долари

25.07.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мет Дејмон објасни зошто ја одбил улогата во „Аватар“, ќе добиел 250 милиони долари

Работел со најголемите режисери и постигнал бројни значајни улоги, но има една што морал да ја одбие.

Аватар на Џејмс Камерон од 2009 година заработи 2,9 милијарди долари. Дејмон беше принуден да ја одбие улогата, што дојде со примамлива понуда од 10 отсто од заработката на бокс офисот, што значи дека актерот би заработил неверојатни 250 милиони долари.

„Сигурен сум дека тоа се најмногу пари што некој актер некогаш ги одбил“, изјави Дејмон неодамна за Крис Валас од CNN.

– Имав договор.

Тој откри и дека тој детал му го кажал на својот пријател Џон Красински, а тој за малку ќе паднел од столот, тврди Дејмон.

„Го пишувавме сценариото за филмот „Ветената земја“ и кога го слушна тоа, почна да шета низ кујната. Ми рече дека ништо во мојот живот нема да биде поинаку ако го играм „Аватар“, освен ако веројатно овој разговор го водиме во вселената“, се присети славниот актер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата