Марго Роби прв пат е снимена како го шета новородениот син

7.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марго Роби прв пат е снимена како го шета новородениот син

Сега новопечените родители уживаат во заедничките прошетки со синот. Марго за една од првите прошетки избра лежерна комбинација од црни широки панталони, црн топ и предимензионирана бела кошула.

Во прошетката најпрво ѝ се придружил нејзиниот пријател, а подоцна и нејзиниот сопруг Том, со кого е во брак осум години.

Да потсетиме, ова е прво дете за австралиската актерка и нејзиниот сопруг. Веста за нејзината бременост се појави на почетокот на јули. Набргу потоа парот беше виден на Вимблдон, а актерката за прв пат го покажа трудничкиот стомак.

Двојката се запознала во 2014 година додека работела на филмот Suite Française, а две години подоцна тајно се венчале во Австралија. Приватниот живот го држат подалеку од очите на јавноста, а заедно почнаа да се појавуваат дури за време на прес-турнејата за објавувањето на филмот Барби, во кој Марго ја игра главната улога.

Иако Том не е актер, тој работи во филмската индустрија. Кариерата ја започнал како продукциски асистент. Пред тоа, тој се појави како статист во првите три филмови за Хари Потер. Кога првпат се сретнаа на снимање во 2013 година, Марго ја играше Селин додека Том беше зад камерата како асистент режисер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата