Марго Роби и Колин Фарел заедно ќе глумат во нов романтичен филм

10.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марго Роби и Колин Фарел заедно ќе глумат во нов романтичен филм

Режисерот Когонадо е најпознат по неговата работа на проектите After Yang, Columbus и Pachinko.

Не се знае многу за неговиот последен проект, во кој се појавуваат Роби и Фарел. Но, како што објави Дедлајн, заплетот на филмот е опишан како имагинативна приказна за двајца странци и неверојатното патување кое ги поврзува. Филмот ќе започне со снимање оваа пролет во Калифорнија, во продукција на Imperative Entertainment.

Покрај Когонада, на него работи и режисерот на овој филм, Сет Реис, сценаристот на популарниот психолошки трилер Менито, кој го напиша оригиналното сценарио за A Big Bold Beautiful Journey.

Улогата во филмот A Big Bold Beautiful Journey го означува првиот филм на кој Марго Роби работела по Барби. Како што пренесува Deadline, по големиот успех на Барби, актерката можела да избира меѓу сценаријата за филмот на кој сакала да работи, а како следен проект ја избрала оваа необична и интригантна приказна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата