Мараја Кери заработува астрономски суми од песната „All I Want for Christmas Is You“

3.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мараја Кери заработува астрономски суми од песната „All I Want for Christmas Is You“

Песната стана неизбежен дел од празничната сезона, а сега сумата што Кери ја заработува од песната повторно почна да се шири низ медиумите.

Според магазинот The Economist во 2017 година, Мараја Кери заработува околу 2,5 милиони долари секоја година поради оваа божиќна песна, додека New York Post пишува дека станува збор за три милиони.

И не само тоа, туку песната ѝ донесе дури 60 милиони долари кога првпат ја објави. А судејќи по сегашната статистика, се чини дека и годинава пристојно ќе заработи.

All I Want For Christmas повторно влезе во топ 100 топ листите на Билборд, каде моментално се наоѓа на 16-то место. Само на 1 декември е преслушана 8,2 милиони пати на Spotify, додека вкупниот број низ годините е речиси две милијарди.

Нејзината песна не само што е една од најслушаните за време на празниците, туку и меѓу оние со најмногу кавери. Самата Мараја Кери ја сними песната во дует верзија пред 13 години, каде ѝ се придружи Џастин Бибер.

Поради успехот на песната, Кери неофицијално беше наречена кралица на Божиќ. Единствената песна за која може да се каже дека се натпреварува со неа е Last Christmas на Wham.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата