Македонскиот продуцент Матеј Џајковски номиниран за престижната музичка награда „Греми“

24.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонскиот продуцент Матеј Џајковски номиниран за престижната музичка награда „Греми“

Џајковски беше дел од авторите и продуцентите на песната „Он енд Он” (On & On) од споменатиот албум.

„Албумот е номиниран за најдобар во категоријата „Најдобар прогресивен ар-енд-би албум” на 68-то издание на „Греми“ наградите коишто ќе се одржуваат на 1 февруари следната година во „Крипто.ком“ арената во Лос Анџелес, САД. По издавањето, албумот се најде на местото бр. 1 на „Епл мјузик“ во Соединетите Американски Држави и Велика Британија. Песната „Он енд Он”, продуцирана од нашиот Матеј Џајковски, и неколку месеци по излегувањето на албумот, претставува апсолутен фаворит на обожавателите на групата“, се наведува во соопштението.

Песната се рангираше високо во музичкото списание „Билборд“ и оттогаш е константно присутна на радиостаниците во САД.

Ова е прва номинација за Матеј Џајковски, кој веќе подолго време работи како музички продуцент во Лос Анџелес. За неговите успеси веќе слушнавме кога неговите звуци се најдоа во филмската музика на серијата „Создавајќи ја Ана“ (Inventing Anna), што беше една од најгледаните серии на Нетфликс. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата