Мајката на Лиам Пејн неутешна на погребот на нејзиниот славен син (ВИДЕО)

20.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајката на Лиам Пејн неутешна на погребот на нејзиниот славен син (ВИДЕО)

Карен цело време плачеше додека го држеше Џеф под мишка. Многумина ги тешеа и изразија сочувство, а во еден момент им пријде Сајмон Кауел и ги прегрна.

Ковчегот на Лиам Пејн беше донесен со бела погребна кола. На ковчегот имаше два цветни аранжмани. Едниот, ставен на ковчегот во име на синот на Лиам, Беар, со натпис „Тато“, а другиот, во  име на родителите на Лиам.

Хари Стајлс и Луис Томлинсон, неговите колеги од One Direction, беа меѓу првите кои се појавија на погребот на Лиам. Недолго потоа се појавија и Зејн и Најл. На погребот е снимена и неговата девојка Кејт Кесиди која била со него во Аргентина. Со неа дојде и синот на актерката Елизабет Харли, Демијан.

Сајмон Кауел, човекот кој го состави One Direction, дојде со партнерката Лорен Силверман. На погребот дојде и британската пејачка Шерил Кол (41), со која Лиам го доби синот Бер. Придружувана беше од нејзините поранешни колеги од бендот Girls Aloud, кои дојдоа да ја поддржат.

Потсетуваме, Лијам Пејн загина трагично на 31-годишна возраст на 16 октомври откако падна од балкон на третиот кат во хотел во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата