Лејди Гага има два веренички прстена- едниот е направен од трева (ВИДЕО)

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лејди Гага има два веренички прстена- едниот е направен од трева (ВИДЕО)

Таму открила дека нема еден, туку два веренички прстена. И не само тоа, туку момчето Мајкл Полански прво ја запросил со - трева.

Ттревата е заштитена со смола за да може да се носи како прстен. Вториот е нешто потрадиционален дијамантски прстен, наводно вреден два милиони долари.

„И двата ги сакам подеднакво. Но, трева, не можеш да замениш нешто со такво значење“, истакна Гага, која често ги носи двата прстени истовремено.

Пејачката и претходно зборуваше за прстенот од трева, потсетувајќи се на разговорот што го имала со Полански пред тој да ја запроси на 1 април минатата година. „Тој ми рече: „Ако некогаш те запросам, како да го направам тоа?“

Да потсетиме дека Лејди Гага и Полански ја започнаа својата врска непосредно пред почетокот на пандемијата на коронавирус. Својата врска, како и свршувачката ја чуваа во целосна тајна до Венецискиот филмски фестивал. Таму прошетаа по црвениот тепих држејќи се за раце, а Лејди Гага го покажа дијамантскиот веренички прстен.

Кон крајот на минатата година, таа во ток-шоуто на Џими Кимел изјави дека таа и Мајкл имале неколку идеи за нивната венчавка: „Всушност зборуваме да одиме во матичар само ние двајца и да нарачаме кинеска храна. Но, познавајќи ме мене, може да стане како циркус со еднорози“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата