Легендарни предмети од филмот „Војна на ѕвездите“ се продаваат на аукција во Лондон (ФОТО)

26.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легендарни предмети од филмот „Војна на ѕвездите“ се продаваат на аукција во Лондон (ФОТО)

Повеќе од 1.350 предмети, со вкупна проценета вредност од осум милиони фунти (околу девет милиони евра), ќе бидат понудени на зимската аукција на Propstore, која ќе се одржи од 5 до 7 декември, објави Ројтерс.

Најважниот предмет на аукцијата е карабинот EE-3 на Боб Фет од „Војна на ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот“, со проценета вредност од 350.000 до 700.000 фунти (400.000 до 800.000 евра).

„Го добивме пред околу една година и поминавме неколку недели детално испитувајќи го, речиси форензички. Успеавме да отстраниме некои оштетувања и знаци на употреба“, рече основачот и извршен директор на Propstore, Стивен Лејн, на денешната прес-конференција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата