Која е Бугарка што е во врска со Бастијан Швајнштајгер? Нејзините деца одат во иста училиште со неговите, а ја познава и Ана Ивановиќ

21.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Која е Бугарка што е во врска со Бастијан Швајнштајгер? Нејзините деца одат во иста училиште со неговите, а ја познава и Ана Ивановиќ

Веќе неколку месеци Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се во центарот на вниманието на светската јавност. Се мислеше дека нивниот брак е складен, ништо не навестуваше дека ќе дојде до раскин, но сепак, тоа се случи.

Се шпекулираше за причината, а изгледа дека се работи за неверството на Бастијан. Многумина претпоставуваа дека се работи за Естер Седлачек, со која Германецот соработува на телевизија, а гласините се засилија кога се дозна дека Естер е бремена. Но, друга жена го прекина односот меѓу Ана и Бастијан.

Можеби ќе ве интересира: Фото: Популарниот Швајни со новата девојка Силви заборавиле дека се на плажа!?

Иако за многумина Силва сè уште е мистерија, делови од нејзината биографија се појавија – таа е фитнес ентузијаст и мајка на две синови, кои наводно одат во иста школа како и децата на Ана и Бастијан.

Наводно, таму и започнала целата приказна, а камерите дури забележале и средба меѓу Силва и Ана пред училиштето кое го посетуваат нивните деца. Силва претходно била мажена за член на угледно уметничко семејство, но и тој брак завршил.

„Два различни света“

Фотографиите од Швајнштајгер и Капитанова предизвикаа големо внимание во јавноста. Прво се шпекулираше дека новата партнерка на Бастијан е водителката Естер Седлачек, но сега е јасно дека станува збор за бугарската инфлуенсерка и фитнес-тренерка Силва Капитанова.

Драмата дополнително се разгоре со непријатната средба меѓу Ана Ивановиќ и Силва Капитанова пред училиштето на Мајорка каде одат нивните деца. Медиумите забележале тензија, иако не дошло до директен конфликт. Силва носела провокативен фустан, додека Ана била спортски облечена – контраст што таблоидите веднаш го искористија за сензационални наслови за „два различни света“.

Ова не ѝ се допаднало на една од блиските пријателки на Ана, која оставила коментар:

Ана Ивановиќ сè уште нема дадено изјава за разводот, ниту за новата врска на Швајнштајгер. Неодамна се појави на Вимблдон, а нејзините фотографии од Лондон ги воодушевија нејзините следбеници на социјалните мрежи. Под една од фотографиите, на која носи свилен фустан, Ана кратко напиша: „Лондон навечер“.

Интересно е што, и покрај разводот, Ана и Бастијан сè уште имаат заеднички деловни обврски. Тие двајца се амбасадори на германскиот моден бренд „Brax“, а договорот важи до 2027. година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата