Кога Бред Пит изел четири чинии грав, екипата се разбегала од сетот среде снимање

4.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кога Бред Пит изел четири чинии грав, екипата се разбегала од сетот среде снимање

Во последниве години, актерот стекна репутација за тоа колку често е виден како јаде за време на неговите филмови - примери се кесички чипс од Лејс во „Se7en“, батаци од мисирка во „Троја“, хот-догови во „Cutting Class“, па дури и стаорец во „Interview with the Vampire“ , објави НМЕ.

Сега, за време на ново интервју со Џејсон и Тревис Келс во подкастот New Heights, Бред Пит се отвори за еден од моментите кога неговите навики во исхраната не поминаа толку добро за време на снимањето.

Тој им кажа на водителите дека неговата омилена храна на снимањето е сладолед во „Ocean's Eleven“, додека најмалку омилена му била кога морал да изеде повеќе чинии со грав.

Иако не открил за кој филм станува збор, рече дека тоа е еден од неговите претходни проекти и дека сцената била снимена во мало кафуле со околу 60 членови на екипата на снимањето. Во таа сцена, тој морал да изеде голема чинија со грав и сланина, бидејќи тоа била првата храна што неговиот лик ја јадел со денови.

Тој рекол дека решил да ја направи сцената „методично“ и всушност да изеде цела чинија храна секој пат за да го направи кадарот како што треба, сè додека не му се слошило.

„Само ја проголтав таа чинија со грав“, рекол тој. „Втор кадар - исто. Трет кадар - исто. Четврт кадар - исто. Нешто ме обзеде. Не можев ништо да направам. Бев заглавен во таа столица, природата си го направи своето.“

Додал дека на почетокот мислел дека „се извлекол“ кога го „пуштил гулабот“ на снимањето, сè додека не забележал дека сите околу него исчезнале. „Одеднаш, целата екипа... најзлокобната работа се спушти врз екипата во целата соба и истрчаа од кафулето. Истрчаа!“

„Оттогаш, јадам побавно“, додаде тој.

Иако не откри на кој филм мисли, веројатно станува збор за неговиот филм од 1991 година „Џони Суид“, во кој има сцена каде неговиот лик јаде грав.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата