Холивудска кавга: Што си кажаа Ема Стоун и Маргарет Квали (ВИДЕО)

11.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Холивудска кавга: Што си кажаа Ема Стоун и Маргарет Квали (ВИДЕО)

Снимката од нивната расправија стана вирална, а сите се уште се прашуваат за што се скарале актерките.

Читачката од усни, Никола Хиклинг, за Дејли Меил изјави дека тоа всушност воопшто не било расправија. „Изгледа како Маргарет да се подготвува за физичка пресметка, и ја погледна Ема злобно. Не грижете се, тие всушност не се караат. Маргарет ѝ вели на Ема „да, мислам дека ќе полудам“, рече таа, додавајќи дека актерките често се шегуваат на јавни настани.

@accesshollywood A joint slay with #EmmaStone and #MargaretQualley 🔥 #awardseason ♬ original sound - Access Hollywood

Некои сè уште мислат дека се скарале.

Тоа го потврдија и дел од коментарите. „Само да знаете, тие го прават ова на речиси секое доделување награди. Тоа е како некаква приватна шега“, „Има еден куп слични видеа каде што само се шегуваат“, „Изгледаат како добри пријателки кои сакаат да се шегуваат“, напишаа луѓето. И покрај ова, малкумина сè уште мислат дека Оскарите беа за нешто посериозно.

„Дали јас сум единствениот што мисли дека ќе се степаат?“, „Зошто е Ема толку оддалечена од неа?“, „За момент помислив дека Маргарет се подготвува за борба“, „Ова изгледа малку агресивно“, „Што и да се случи, говорот на телото на Ема значи дека ситуацијата е агресивна“, истакнаа тие.

Хиклинг ја коментираше и реакцијата на Деми Мур

Да потсетиме дека Хиклинг претходно ја коментираше реакцијата на Деми Мур откако таа пропушти да добие Оскар. „Деми рече „убаво“, но не се насмевна додека го кажуваше тоа. „Телото ѝ беше речиси стуткано, како да мораше да го каже тоа“, изјави Хиклинг. За најдобра актерка беше прогласена Мајки Медисон од Анора, а Мур беше една од фаворитите за нејзината улога во хорор филмот The Substance.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата