Тој објасни дека работел во професионална кујна „релативно кратко, додека не го избркале“. Во анегдота што ја сподели со водителот Кимел, тој откри што довело до негов отказ.
„Мојата прва работа беше готвење во болница. Не знам што им кажав, но ми дадоа нож и еден куп моркови, а набрзо потоа си отсеков дел од прстот“, се присетил актерот и додал. „За среќа, одделот за шиење на прсти беше низ ходникот, а веднаш потоа добив отказ затоа што лажев дека знам да готвам“.
Се сетил и на друга работа што ја работел. „Бев готвач на јахта што беше во сопственост на најмладиот претседател на банка во Чикаго во тоа време. Беше фино момче, но не знаеше ништо за готвење.“ рече Форд и се пошегува: Тој беше наследник на фабриката за пакување месо Свифт, па морав само да купам скапо говедско месо“.
Во август годинава , холивудскиот актер ги загрижи и растажи своите обожаватели. Тој се појави на Disney's D23 Expo, каде што му беше врачена наградата Disney Legend Award за неговите легендарни улоги како Хан Соло во Star Wars и Индијана Џонс.
82-годишниот актер како дел од церемонијата ги остави отпечатоците од рацете во цемент, но пред тоа требаше да се потпише, а многумина забележаа како ја држел десната рака со левата за да може да се потпише.
„Му честитам, но ми се кине срцето што го гледам толку изнемоштен“, „Дали некој друг е загрижен како мене дека може да стиска повеќе со едната рака од другата? и „Тешко ми е да гледам како мојот омилен актер старее“, беа дел од коментарите.