Не толку одамна, таа ја потврди веста дека се свршила и дека е подготвена за својот четврти брак.
Сега убавата актерка одлучи да ја продолжи серијата изненадувачки детали од нејзиниот приватен живот и се осврна на темата за нејзината спална соба. Или поточно, теми за оргазам.
Хали неодамна беше гостинка во подкастот „Секс со Емили“ и откри дека завршила со една веќе воспоставена практика. „Веќе не го правам тоа. Стигнав до точка каде што глумев оргазам за да се чувствува добро. И што навистина постигнува тоа? Ги ставаме неговите потреби пред нашите. Сега велам: „Не, јас сум на прво место, исто како што ти се ставаш себеси на прво место“.
И двајцата заслужуваме ова да биде заемно пријатно искуство, да можеме да се превртиме и да заспиеме затоа што се чувствуваме добро, а не едната личност да рчи, а другата да гледа во таванот и да се прашува: „Што по ѓаволите беше ова?““, рече актерката. Интересно е што познатата актерка била во целибат четири години пред да го запознае својот сегашен вереник, Ван Хант.
„Морав целосно да се посветам на себе, да бидам сама, да растам и да ја сфатам мојата вредност“, изјави таа за The Times. „Заклучив дека ако вистинската личност не се појави, ќе останам сама. И тоа беше сосема во ред за мене“, рекла таа во тоа време, пренесува Супержена.

