Кејт Мидлтон на тајна средба со кралот Чарлс

25.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кејт Мидлтон на тајна средба со кралот Чарлс

Кралот Чарлс одржа приватен состанок со принцезата од Велс Кејт Мидлтон откако Бакингемската палата ги започна плановите принцот Вилијам да го преземе тронот.

Најавите доаѓаат откако кралот Чарлс помина речиси една година во борба со ракот.

Карциномот му е дијагностицира по операцијата во лондонска клиника на почетокот на оваа година и се уште се бори со малигната болест.

- Таа и Чарлс имаа приватна средба за нејзиното назначување порано од очекуваното. Како што можете да замислите, врската меѓу двајцата е неверојатно блиска. Тие си беа утеха еден на друг преку нивните битки со ракот. Ова е и причината поради која Чарлс се обиде да ѝ даде доволно простор да се опорави за неизбежниот момент кога тој и Камила ќе ја предадат палката – рекол изворот, пренесува „NY Post“.

Принцот Вилијам, по смртта на кралот Чарлс, ќе го преземе тронот, а неговата сопруга Кејт Мидлтон ќе стане кралица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата