Кејт: Ја знам моќта на природата

19.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кејт: Ја знам моќта на природата

Сопругата на британскиот престолонаследник Вилијам, Кејт најави отворање на новите градини во Природонаучниот музеј во Лондон.

Во сторина Инстаграм, таа ги објави своите фотографии, направени за време на нејзината посета на музејот во 2021 година.

- Многу ја ценам посветеноста на музејот за создавање посебен простор кој ги поттикнува луѓето од сите возрасти повторно да се поврзат со природата и да научат повеќе за тоа како можеме да го заштитиме нашиот природен свет. Ја знам моќта на природата која го промовира нашиот развој и благосостојба, носи радост и ни помага да останеме физички, ментално и духовно здрави. Се надевам дека овие градини ќе инспирираат и трансформираат илјадници луѓе кои ќе ги посетат – порача принцезата Кејт Мидлтон.

Британската принцеза инаку во неделата присуствуваше на финалето на Вимблдон меѓу Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ, што беше само второ нејзино појавување во јавноста откако објави дека е болна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата