Инцидентот се случил во саботата рано наутро во Џошуа Три, каде што синот на пејачката Шер, Елајџа Блу Алман, бил пронајден во тешка состојба и веднаш бил хоспитализиран. Според извори блиски до семејството, тој сè уште е во болница и добива најдобра можна нега.
„Имаше голема среќа што преживеа,“ истакнале соговорници на американските медиуми.
За Шер, која и претходно јавно зборувала за проблемите на својот син, најважно сега е Елајџа да се опорави и да ја добие сета неопходна помош.
Исто така, синот на пејачката Шер неодамна бил забележан во загрижувачка состојба, едвај одел.
Да потсетиме, Елајџа Блу со години се бори со зависноста, за што отворено зборуваше во интервјуа. Во еден разговор од 2014 година открил дека првпат пробал дрога кога имал само 11 години.
„Имав неколку блиски средби со смртта. Имаше моменти кога чувствував дека сум на работ. Секогаш се обидував да бидам претпазлив, но со дрогата тоа никогаш не е целосно можно,“ признал тогаш.
Неговите проблеми со зависноста довеле и до семејни драми. Минатата година Шер поднесе барање за старателство над Елајџа, обидувајќи се да го заштити од самодеструктивни одлуки, особено кога станува збор за парите. Таа тогаш навела дека нејзиниот син „во значителна мера е неспособен да управува со своите финансии поради сериозни ментални проблеми и зависност.“ На крајот, по неколкумесечна правна битка, успеале да постигнат договор и да го завршат постапката за старателство, пренесува Блиц Жена.