Гитарата на „Битлсот“ Џорџ Харисон, купена за 58, е продадена на аукција за над милион фунти

21.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гитарата на „Битлсот“ Џорџ Харисон, купена за 58, е продадена на аукција за над милион фунти

Гитаристот на „Битлси“ ја купил електричната гитара „Футурама“ во 1959 година во Ливерпул, како 16-годишен електричар, а истата била платена на 44 рати со помош на неговата мајка. Истата беше ставена на аукција вчера во Нешвил, Тенеси и продадена за 1,27 милиони долари, двојно повеќе од проценката.

Мартин Нолан, извршен директор на Julien's Auctions, рече дека го урнал рекордот за најскапа гитара на Џорџ Харисон некогаш продадена. „Иконската гитара Футурама на Харисон, една од најважните во историјата на рокенролот и клучна за звукот на Битлси, повторно стана дел од историјата на денешната аукција“, нагласи тој. „Ние сме повеќе од среќни што сега можеме да го додадеме во клубот од милиони долари на Julien's Auctions, заедно со оние на Џон Ленон, Ерик Клептон и Курт Кобејн“, додаде тој.

На почетокот на оваа година, аукциската куќа ја продаде акустичната гитара на Ленон Hootenanny за три милиони долари, а претходно уште една негова акустична гитара за 2,4 милиони долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата