На Градските гробишта Баре во Сараево денеска беше погребан синот на еден од најдобрите пејачи на народна музика Енес Беговиќ, Армин. Армин почина пред два дена на 29 години.
Како што пишува босанскиот весник „Дневни аваз“, голема колона луѓе, меѓу кои пријатели и членови на семејството, дојдоа на гробиштата за да го испратат Амир. Меѓу присутните на погребот беа и фудбалерот Един Џеко, како и помошниот селектор на фудбалската репрезентација на БиХ Мехмед Јањош.
Од многуте колеги, дојдоа Харис Џиновиќ, Бобан Рајовиќ, Младен Војиќиќ Тифа, Фахрудин Пецикоза, Шериф Коњевиќ, Дино Мухаремовиќ, Драган Којиќ Кеба, Бранка Соврлиќ, Халид Бешлиќ, Мирко Кодич, Сашко Николиќ, Сландиќ…
Тамошните медиуми пренесоа дека на погребот не дојдоа мајката и сопругата на Армин, заради нивните обичаи.
„Според нашиот верски обичај, жените остануваат во куќата и таму ќе се одржи церемонијата, додека мажите одат на гробишта“, рече кумата на семејството, Елвира Рахиќ.
За потсетување, Армин Беговиќ почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево. Имаше само 29 години и требаше да стане татко. Живееше во Сараево и работеше во Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина.