На фотографиите објавени од „DeuxMoi“ може да се видат Џесика и Дени како разменуваат бакнежи на улица. Рамирез ја стави раката околу вратот на познатата актерка додека стоеја пред неговата куќа, а по страсниот бакнеж двајцата се смееја.
Двојката беше фотографирана во лежерни изданија, кои, како што забележаа некои, беа многу слични. Алба носеше темно сина јакна, сиви панталони, црни патики и капа, додека Дани носеше темно сина кошула, сива тренерка и црни патики.
Џесика и Дани неодамна беа видени заедно во јавноста неколку пати, а неодамна беа фотографирани и за време на романтична вечера во Лос Анџелес.
Познатата актерка инаку, неодамна се раздели од својот сопруг по речиси 17 години брак.