Фото: Што се случи со лицето на Бредли Купер

12.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Што се случи со лицето на Бредли Купер

Холивудскиот шармер сега изненади со своето појавување на премиерата на „Is This Thing On“ во Њујорк, но овој пат, фокусот не беше на неговата младост, туку на гребнатинките на неговото лице.

Според фотките од настанот, Бредли доживеал несреќа, па не можел да скрие неколку гребнатини на носот.

Сепак, ова не влијаело на неговата самодоверба, па затоа повторно бил еден од главните луѓе одговорни за забавата и добрата атмосфера.

Во споменатиот филм, Бредли ја игра главната улога, а тој и го режираше, па не го криеше своето возбудување околу него.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата