Креацијата е дело на нејзината долгогодишна соработничка, Лорен Остин. Иако во последно време ретко се појавува на црвениот тепих, 38-годишната пејачка привлече големо внимание на парадата „Гранд Кадумент“ (Grand Kadooment) во Барбадос, со која беше заокружен традиционалниот карипски фестивал „Кроп Овер“ (Crop Over).

Веднаш по нејзиното појавување, социјалните мрежи беа преплавени со видеа и фотографии од пејачката во раскошната креација, која беше специјално изработена за оваа прослава.

Ријана носеше впечатлив костим украсен со накит и реси, кој дополнително ја истакнуваше нејзината фигура.

Според списанието „Вог“, таа се придружи на групата на нејзиниот брат наречена „Аура“, а за нејзиниот изглед се погрижи локалниот дизајнер Лорен Остин.

Посебен впечаток оставија големиот украс за глава со шарени детали и накит, како и раскошната опашка од пердуви што се спушташе сè до земјата.

Лорен Остин, кој уште од 2013 година изработува карневалски костими за пејачката, претходно за „Вог“ изјави дека Ријана има смел и впечатлив моден стил. – Таа не се плаши да носи што сака и кога сака – рече дизајнерот.


