Британската пејачка Рита Ора покажа како ужива на луксузна јахта, нејзините фотографии во бикини ги воодушевија следбениците и уште еднаш привлекоа големо внимание во јавноста.
35 годишната Рита сподели серија фотографии од своите летни патувања, а нејзините објави повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи.
Пејачката дел од летото го помина на различни европски дестинации, при што особено се издвои нејзиниот одмор на Ибица, каде што уживаше во друштво на својот сопруг Таика Ваитити и пријателите.
Двојката помина време на луксузна јахта, а Рита позираше во неколку впечатливи бикини-изданија. Особено внимание привлече фотографијата на која таа позира на бродот во минијатурно сребрено бикини.
Фотографиите што таа ги објави ја прикажуваат пејачката како се разладува во морето, ужива на јахтата и поминува време со пријателите. Некои од фотографиите се направени со помош на паметните очила на „Мета“, кои таа ги користела за да ги овековечи моментите од својот одмор.

