Иако веќе осум години е во „музичка пензија“, нејзиниот приватен живот и постапките по ослободувањето од старателството на нејзиниот татко постојано ја држат во центарот на вниманието на јавноста и медиумите.
И токму кога ќе се случи некоја убава работа, како што е средбата со синот, поп-ѕвездата повтор но шокора“ со нова непримерна објава на социјалните мрежи.
Поради оваа објава светската јавност повторно се прашува „дали е се во ред со менталното здравје на поранешната поп принцеза “.
Бритни Спирс предизвика хаос откако објави видео на Инстаграм на кое танцува во долна облека на хит песната на Ријана „Desperado“.
А можеби сè ќе беше помалку забележано и помалку коментирано, доколку 43-годишната пејачка на своите 42 милиони следбеници на социјалните мрежи не им покажа како танцува во црн брус од тантела и танга гаќички.