Фото: Некој напишал навреди на ѕвездата на Трамп на Холивудската патека на славните

14.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Некој напишал навреди на ѕвездата на Трамп на Холивудската патека на славните

Фотографијата е објавена на „Reddit“ од корисникот „u/yourstruly_chris“, а објавата собрала повеќе од 109.000 гласови „за“. Корисникот, кој се претставил како Крис, изјавил за „Newsweek“ дека ја направил фотографијата на 8 јануари за време на посетата на Холивудската патека на славните.

Крис, кој вели дека е критичар на администрацијата на Трамп и не сакал да го каже своето целосно име, тврди дека изгледало како некој претходно да се обидел да избрише други пораки и цртежи на плочата. „Колку што можев да видам, имаше трага од избришаниот цртеж“, рече тој.

Тој додаде дека има своја теорија зошто ѕвездата била шкртана. „Мислам дека причината е прилично очигледна, со оглед на сè што се споменува во последно време - ICE, Венецуела, Епштајн и старите обвинувања што се појавуваат“, рече тој.

Бидејќи фотографијата е направена пред неколку дена, Крис претпостави дека знаците оттогаш се отстранети. Сепак, видеото што Трејси Мело го објави на „TikTok “пред 24 часа покажува дека сите четири зборови се сè уште видливи.

@tracey.mello You know you’re in Hollywood when even the Walk of Fame has drama 😅 I swear these stars have seen everything—tourists, scandals, hot dog carts, and apparently… graffiti poetry now...this is sad #Hollywood #WalkOfFame #OnlyInLA #LosAngeles #LAThings @President Donald J Trump ♬ Crystal Skies (Sped Up) - VXLLAIN & iGRES & ENXK

Честа цел на вандализам

Ако фотографијата е автентична, ова е само најновиот во низата случаи на вандализирање на ѕвездата на Трамп. Трамп доби ѕвезда на Холивудската патека на славните во 2007 година, и таа беше недопрена долго време - сè додека не влезе во политиката.

Откако стана претседател, ѕвездата беше оцрнета неколку пати, а во неколку наврати и физички оштетена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата