Фото: Најдобрите нозе и најубавото лице во Холивуд воодушеви во Париз!!

27.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Најдобрите нозе и најубавото лице во Холивуд воодушеви во Париз!!

Една од најубавите холивудски ѕвезди, актерката  Шарлиз Терон уште еднаш докажа дека е дама со стил и дека може да го носи апсолутно секое парче облека, без разлика дали е лежерна комбинација или гламурозна, како она што го носеше на гала вечерата во Париз.

Шарлиз присуствуваше на настан организиран од фондацијата „Луј Витон“ во пресрет на Олимписките игри, а публиката ја остави без здив со своето елегантно издание. Целата во бело изгледаше како нежна принцеза, облечена во краток фустан со драматичен детал на левото рамо - ткаенина која паѓаше до подот.

Мини фустанот ги откри нејзините совршено затегнати витки нозе, кои ги истакна со едноставни златни сандали на високи потпетици со прерамки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата