Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата.

30- годишната Кенедел, за разлика од своите сестри Ким и Клои, внимателно го чува својот приватен живот и не сака премногу да се експонира.
Сепак, понекогаш протекуваат некои детали за неа, па сега се претпоставува дека Кендал има ново момче и ужива во љубовта со шведскиот биснисмен, 18 години повозрасниот Бен Горхам, кој е исто така поранешен кошаркар.

Двајцата наводно биле видени како седат во кафуле во Лос Анџелес како пар, но ова не е прво појавување на парот. Претходно, биле видени како разгледуваат книги во продавница.

Бен Гохрам беше познат кошаркар во минатото, а потоа својата кариера ја насочи кон претприемништво. Основа луксузен бренд на парфеми и денес е многу успешен.

Кендал Џенер, од друга страна, претходно беше во врска со Хари Стајлс и Бед Бани, но никогаш не зборуваше премногу за тоа, па изгледа дека нема да го објавува ниту сега.

