Минатата недела во Калифорнија се одржаа доделувањето на филмските награди во Палм Спрингс, а бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста присуствуваа на овој престижен настан.

На доделувањето на наградите присуствуваше и членката на кланот Кардашијан – Џенер, Кајли поради своето момче кој беше меѓу добитниците на наградите.

Покрај Мајли Сајрус, која доби признание за песната „Dream As One“ за филмот „Avatar: Fire and Ash“, вниманието го привлече и актерот Тимоти Шаламет момчето на Кајли.

Тој беше награден со наградата „Spotlight Actor of the Year“ благодарение на улогата во филмот „Marty Supreme“.
За време на церемонијата на доделување награди, актерот не го криеше својот ентузијазам, а поддршка му даде и неговата сакана - Кајли Џенер.

Фотографите веднаш го забележаа стајлингот на Кајли, а нејзините фотографии се појавија на мрежите.

Според фотките може да се каже дека Кајли ги засени многумина со својата комбинација, дури и наградениот Тимоти.

