Фото: Мбапе во жешка акција на јахта со сексапилна русокоса

30.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Мбапе во жешка акција на јахта со сексапилна русокоса

Деновиве вниманието на јавноста го привлекува и неговата сакана...

Според пишувањата на странските медиуми, тој моментално престојува на јахта на Сардинија во друштво на својата девојка, шпанската актерка Естер Експосито.

Нивното опуштено дружење веднаш го привлече вниманието на јавноста и дополнително ги поттикна шпекулациите за нивната блискост.

Фотографите на странските медиуми ги уловија во интимен момент – додека се прегрнуваа и бакнуваа на јахтата.

Сепак за јавноста поинтересна е убавата Естер, која покажа совршена фигура и витко тело од кое беше тешко да се тргне погледот.

Фотографиите од јахтата брзо се проширија на мрежите, по што јавноста го доби одговорот на прашањето - дали Мбапе се бакнува со убавица?

Естер е актерка која се прослави во 2018 година, кога ја доби улогата на Карла Росон во тинејџерската серија на „Нетфликс“, „Елита“ (Elite).

Инаку според фотките може да се заклучи дека Килијан и Естер вистински уживаат во летниот одмор на луксузната јахта. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата