Фото: Мајкл Даглас е горд татко

7.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Мајкл Даглас е горд татко

Холивудскиот актер Мајкл Даглас моментално престојува на Мајорка, каде што му беше врачена специјалната награда „Земја на честа“ (Land of Honour) за неговиот долгогодишен придонес во промоцијата на островот и неговата култура.

Тој не присуствуваше сам на церемонијата, туку во придружба на својата ќерка Керис, која привлече речиси исто толку внимание како и нејзиниот славен татко.

Дваесет и тригодишната Керис се појави во елегантна црна комбинација, а многумина од присутните забележаа дека, како што минуваат годините, таа сè повеќе личи на својата мајка, добитничката на „Оскар“, Кетрин Зита-Џонс.

Нејзиниот едноставен, а сепак софистициран стил уште еднаш потврди зошто таа важи за една од најелегантните млади дами од холивудските семејства.

Карис неодамна ги заврши студиите по филм на Универзитетот „Браун“, а ова лето ја доби својата прва професионална театарска улога во Њујорк, толкувајќи го ликот на Нина во претставата „Галеб“ од Чехов. Покрај глумата, таа работи како модел, свири пијано и пее, со што ја продолжува уметничката традиција на своето семејство.

Мајкл Даглас со децении летува на Мајорка – каде што го поседува имотот „С’Естака“ – поради што многумина го сметаат за неофицијален амбасадор на овој шпански остров.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата