Фустанот е дел од колекцијата „Khy“ на Кајли, но оваа конкретна боја моментално не е достапна.
Фустанот има тенки прерамки, шлиц и силуета што ги нагласува облините, што е карактеристично за препознатливата естетика на нејзиниот бренд. Иако бисерно сивата верзија не е на пазарот, истиот фустан е достапен во црна, црвена и бела боја, по цена од 300 евра.
Анастасија Караниколау, инфлуенсерка и славеничка, сподели фотографии од прославата на својот Инстаграм профил, каде што беше невозможно да не се забележи Кајли.