Фото: Ирина Шајк скоро гола на забава

20.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Ирина Шајк скоро гола на забава

Во интервју за „Вог“, руската убавица Ирина Шајк го опиша своето искуство на модната ревија како спој на сексапил, лудило и убавина.

https://www.instagram.com/reel/DeqIp-PSXka/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Сексапилната Ирина го покажа своето затегнато тело по ревијата на „ангелите“ на „Викторијас сикрет“, кога се појави во Лос Анџелес во провокативна комбинација што привлече внимание.

40-годишната Ирина одлучила да ја продолжи забавата по модната ревија, па за излегувањето избрала црн градник и проѕирни црвени хеланки, под кои ѝ се гледале гаќичките.

Изгледот го заокружила со сребрено ланче со крст и високи потпетици, додека долгата, темна коса ја оставила слободно да паѓа.

Насмеаната Ирина пристигна сама во еден клуб во Лос Анџелес, а подоцна беше видена како го напушта приватниот клуб и влегува во црно такси.

Истиот ден, манекенката прошета на пистата на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria's Secret), каде што претстави неколку впечатливи комбинации.

Во една од нив, таа носеше бел корсет, црни чорапи и соодветни гаќички, додека во друга носеше розов чипкаст градник, преку кој имаше облечено краток топ во истата нијанса.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата