Фото: Ибра и хелен „уловени“ на заеднички шопинг во Милано

27.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Ибра и хелен „уловени“ на заеднички шопинг во Милано

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ и неговата партнерка Хелена Сегер многу ретко можат заедно да се видат во јавноста, но сега на италијанските папараци и успеа да го сторат скоро невозможното. Да ги „уловат“ Ибра и Хелен заедно на шопинг.

Славниот фудбалер и убавата Хелен се забележани како купуваат во Милано, како ја напуштаат продавницата на Џорџо Армани. Хелена Сегер, иако 11 години постара од Ибрахимовиќ, воодушеви со својата фигура.

Фудбалерот и бизнисменката, инаку, се во врска повеќе од 20 години, а имаат две деца Максимилијан и Винсент.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата