На сликите, во преден план е подготовката на традиционалната мисирка, како и колачите, особено питата од јаболка, како и целата гозба на масата.
„Ова се само дел од моите омилени работи. Среќен Ден на благодарноста, се надевам дека ќе имате убав ден“, напиша латиноамериканската пејачка.
За оваа пригода, Џеј-Ло облече сатенски светлорозов фустан и необични потпетици, а во согласност со подготовката на бројните јадења, стави и престилка за готвење, пишува порталот „Кликс“. Таа покажа и како изгледа нејзината украсена елка, посочувајќи дека веќе се подготвува за Божиќ и новогодишните празници.

