Холивудската ѕвезда, убавата актерка, Џенифер Анистон веќе некое време е во центарот на вниманието на јавноста, главно поради нејзината врска со Џим Кертис.

Се чини дека актерката конечно е среќна во љубовта, а тоа го потврдува и самата преку објави на социјалните мрежи.
Неодамна, екс сопругата на Бред Пит објави компилација од фотографии на Инстаграм, а оние на кои се гледаат таа и нејзиниот партнер за време на летните денови го привлекоа вниманието.

На првата фотографија, ѕвездата од серијата „Пријатели“ направила селфи од автомобилот, додека Кертис се смешка покрај отворената врата на возилото.
Двојката дел од времето го помина и во друштво на пријатели, меѓу кои Наоми Вотс, Били Крудап, Аманда Анка и Џејсон Бејтман. Дури и долгогодишната пријателка на актерката, Сандра Булок, ја коментираше објавата на Анистон.

„Секоја сцена е совршена“, напиша таа накратко. Набрзо потоа следеа бројни коментари од обожаватели кои напишаа дека изгледаат „прекрасно“ и дека е очигледно оти се „вљубени“.

