Фото: Џеј Ло во бикини на филм

12.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Џеј Ло во бикини на филм

По серијата беспрекорни изданија на црвениот тепих, луѓето имаа можност да видат еден нејзин жежок стајлинг и далеку од гламурот.

Џенифер Лопез работи напорно на промоцијата на филмот „Канцелариска романса“ во кој игра една од главните улоги.

 Сега мегапопуларната Џеј Ло изненади со жешко издание кое го покажа во филмот.

Таа „контроверзна“ сцена брзо стана вирална и предизвика разни чувства меѓу гледачите - многумина останаа без здив од еден поглед на нејзиното тело во мало бикини.

 Во кадарот латино дивата ужива на плажа во друштво на нејзиниот колега од филмот Брет Голдштајн, а нејзиното издание во бикини привлече најголемо внимание.

Позната по својата нереална фигура на 57-годишна возраст, Џеј Ло не се срамеше да им покаже на своите обожаватели што има на располагање овој пат - нејзините стомачни мускули и прекрасни облини беа забележливи, и не е ни чудо што на многумина им се допадна оваа сцена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата