Фановите за синот на Рис Витерспун: Тој е нејзина машка верзија (ФОТО)

25.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фановите за синот на Рис Витерспун: Тој е нејзина машка верзија (ФОТО)

Младиот музичар изгледаше речиси идентично како својот татко на премиерата на „Русокоса од Харвард“ во 2001 година, а настанот беше почит кон култната франшиза што се враќа на малите екрани, пишува Page Six.

Почит кон таткото по 25 години

Дваесет и двегодишниот Дикон избра црно одело, розова вратоврска и очила за сонце Ray-Ban за премиерата, пресоздавајќи ја комбинацијата што Рајан Филип ја носеше пред точно 25 години на црвениот тепих. А неговата мајка Рис ја избра розовата боја, исто како на премиерата на првиот филм.

Актерката носеше чипкана фустан со отворени рамена од Monse. Нејзиниот тогашен сопруг, Рајан, ја придружуваше на премиерата на првиот дел во 2001 година, а ја поддржа на премиерата на продолжението „Русокоса од Харвард 2“ две години подоцна.

Ќерката и помладиот син на Риса не беа на премиерата

Витерспун и Филип се разделија во 2006 година по седум години брак и ги делат Дикон и неговата 26-годишна сестра Ава, која не се појави на настанот во Њујорк. Исто така, отсуствуваше и 13-годишниот син на Рис, Тенеси, од нејзиниот втор брак со Џим Тот.

За што е серијата?

„Ел“, приквел на „Русокоса од Харвард“, ја следи помладата Ел Вудс низ нејзините средношколски години и пристигнува на Prime Video на 1 јули. На премиерата, Витерспун позираше со главната актерка во серијата, Лекси Минетри, која неодамна го позајми фустанот на Рис од премиерата во 2001 година за гостување во „Tonight Show“.

„Тој е машката верзија од неа“

Иако модниот избор на Дикон беше посветен на неговиот татко, корисниците на социјалните мрежи коментираа за необична сличност со неговата мајка. „Тој го има целото нејзино лице“, напиша еден обожавател на Инстаграм, додека друг додаде: „Тој е буквално машка верзија од неа“.

Дури и самиот Рајан Филип се согласи со ова во 2021 година, несогласувајќи се со тврдењата дека Дикон е намалена верзија од него. „Очигледно постои сличност татко-син. Но, тој всушност е многу повеќе како страната на семејството на Рис. Ава е повеќе како мојата“, изјави тој за E! News. Заедно со Ава и Дикон, Филип има и 14-годишна ќерка Каи со неговата поранешна партнерка Алексис Кнап.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата