Како што објави Мирор, еден обожавател на Редит го сподели своето искуство тврдејќи дека се повредил на концертот. „Метална цевка од пиротехника ме удри во глава за време на настапот на Дуа Липа во Малезија“, напиша тој и ги праша другите корисници дали мислат дека има право на отштета за повредата.
Дополнителни детали за настанот открил во коментар. Тој изјавил дека по повредата добил седум конци и морал да направи скенирање на главата. Тој исто така рече дека двајца мажи ги платиле неговите медицински трошоци. „Двајца од нив ми пријдоа и ми понудија да платат хотел, билети за концерт и лет, но јас им реков дека сакам прво да разговарам со мојата амбасада, со адвокатот и можеби со полицијата. Им го покажав мојот пост. Тие ми платија болнички трошоци затоа што не можев сам да го направам тоа. Немам намера да го нарушам угледот на Дуа Липа, не е фер. Сакам само компензација за овој инцидент што можеше да заврши фатално“.
Тој додаде дека од него било побарано да ја избрише објавата, што тој одбил да го стори. Подоцна открил дека висок вработен на стадионот му кажал дека нема да биде обештетен освен медицинските трошоци, бидејќи не е јасно дали пиротехниката била дел од настапот или била поттикната од публиката.
Портпаролот на Live Nation, кој ја застапува пејачката, во изјава за Мирор рече: „Побаравме детални информации од добавувачот за тоа како се случи овој инцидент и секако му посакуваме на повредениот фан брзо закрепнување“.
Ова не е прв ваков инцидент на нејзините концерти. На изведбата во 2022 година, неовластен огномет во публиката повреди неколку луѓе. Пејачката тогаш рече: "Безбедноста на моите шоуа е мој приоритет. Мојот тим и јас сме шокирани и збунети од овој инцидент, како и вие. Во моментов е во тек истрага и сите инволвирани работат на откривање на причината. Настапот во пред моите обожаватели е неверојатно искуство за мене и навистина ми е жал за секој кој се чувствувал загрозен, исплашен или дека им бил расипан концертот“.
Дуа Липа моментално е на турнеја која започна на 5-ти ноември во Сингапур.